Ковачевски третпат на пазарење, ќе ги проверува цените на јајцата
Премиерот Димитар Ковачевски третпат е на пазарење во скопските маркети. Тој и овој пат е со камери, но и со претходна најава. Заедно со премиерот Ковачевски ќе бидат министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.
Претходно, Ковачевски ја проверуваше цената на лебот, како и цената на тестенините и на млечните производи.
Во маркетот во кој се наоѓаше денеска знаеја за посетата на Ковачевски најмалку еден ден однапред, како и медиумите.
