|

Kовачевски: Вратениот директор во МЕПСО ќе треба да ја врати испратнината ако сака да работи таму

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го повика на разговор менаџментот на МЕПСО откога на функцијата директор на ИТ-секторот се врати поранешниот разрешен директор, кој добил и испратнина. Одговарајќи на новинарско прашање денес на поставувањето камен-темелник за нова полициска станица во Аеородм, премиерот Ковачевски не отфрли можност разрешениот директор да остане на функцијата.

„Се рaботи за сектор што има дефицитарен кадар. Не е тука работата дали е етички или неетички, туку законски или незаконски. Менаџерите одат од една во друга комапанија, па се враќаат во истата. Ќе ги повикам на Влада да ги покажат сите детали, директорот треба да ја врати испратнината ако сака да работи тука“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потсети дека неодамна во МЕПСО промовираа нова софистицирана опрема, која треба да се управува, а ИТ-кадарот е дефицитарен.
Дека враќањето на разрешениот директор на истото работно место три години по добивањето испратнина е нелогично и неетички, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Слични Објави