КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ГИ ПОВИКА БРИТАНЦИТЕ НИКОГАШ ДА НЕ ГУБАТ НАДЕЖ

/

Кралицата Елизабета Втора се обиде да го подигне моралот на Британците погодени од пандемијата на коронавирус и ги потсети „никогаш не изгубат надеж“, во говорот објавен по повод годишнината од крајот на Втората светска војна.

„На почетокот изгледите беа мрачни, крајот далечен, а исходот неизвесен“, се сеќава кралицата за Втората светска војна. „Но, сепак верувавме во оправданоста на нашата борба и таа вера не носи. Никогаш не се откажувајте, никогаш не губете надеж, тоа беше пораката на денот на победата во Европа“.

Говорот е снимен во замокот Виндзор, на четириесет километри од Лондон, каде што 94-годишната кралица и сопругот Филип (98) престојуваат од почетокот на пандемијата.

Тоа беше втор телевизиски говор на британската кралица за време на пандемија во која починаа повеќе од 31.000 Британци, со што Британија стана втора земја по смртност во светот.

Елизабета Втора таа рече дека е горда на тоа како луѓето одговорија на пандемијата, додавајќи дека оние што учествувале во борбата против нацистичка Германија, исто така, ќе бидат горди на своите наследници во нивната борба против ковид-19.



Оваа година, прославите беа откажани и Британците беа поканети да го одбележат 8 мај дома.

„Денес може да изгледа тешко дека не можеме да ја одбележиме оваа посебна годишнина како што би сакале. Наместо тоа, се сеќаваме oд нашите домови. Сепак, нашите улици не се празни. Тие се полни со љубов и грижа што ја имаме едни за други“, додаде таа.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ МУ ДАЛ 20 ДЕНА НА БОКИ 13 ЗА ДА ГИ СКРИЕ ДОКАЗИТЕ ЗА ГЛАВАТА НА ОКТОПОДОТ

Следна статија

СЗО: КОВИД-19 БИ МОЖЕЛ СО ГОДИНИ ДА „ТЛЕЕ“ ВО АФРИКА

Најново од Вести