КУМАНОВСКИОТ СУД КАЗНИ ТРИ ЛИЦА ПО 121 ИЛЈАДА ДЕНАРИ ЗАТОА ШТО НЕ СЕДЕЛЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

//

Основен суд Куманово ги прогласи за виновни и им изрече парична казна во вредност од по 121.230 денари, на тројца кумановци, кои ја прекршиле мерката за самоизолација и сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

  • Врз основа на поднесени предлози за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Куманово, за сторени кривични дела непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од чл.206 ст.1 од КЗ, Основиот суд Куманово на 20.03.2020 година донесе три пресуди со кои три лица се огласени за виновни за наведеното кривично дело и осудени на парична казна од по 100 дневни глоби, во вкупна денарска противвредност од по 121.230,оо денари. Наведените кривични дела обвинетите ги сториле на начин што, иако при влез во државата, потпишале писмена изјава за самоизолација, согласно донесени мерки и заклучоци од Владата, истите не се придржувале, кон изјавата и при извршени проверки од страна на овластени лица на СВР Куманово не биле затекнати во нивните домови каде што требале да ја спроведуваат самоизолацијата, – соопштуваат од Судот.

Тројцата кумановци дошле од Италија, Австрија и Белгија, но наместо да седат дома во самоизолација како што се обврзале, тие ја прекршиле мерката.



Извор: Kumanovonews

Претходна статија

ПАЧЕМСКИ ОД ГДУ-ШТИП: СЕ НАОЃАМЕ ВО ВОЈНА СО СЕРИОЗЕН ВИРУС

Следна статија

ВОНРЕДНА ИЛИ ИЗВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Најново од Вести