|

Кузманоска: Потребна е политичка зрелост, користа ја заслужуваат сегашните, но и идните генерации

„Стратешките приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ при подготовка на Буџетот за 2025 година, се насочени кон одржување на макроекономската стабилност и одржување на стабилен и одржлив национален економски развој. Дополнително со ваквите инвестиции ќе се отворат нови работни места и ќе ја зголемат продуктивноста во долг рок, што ќе има позитивен ефект врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.

Кузманоска јасно даде до знаење дека веќе условите се променети. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија секогаш е на страната на домаќинско и одговорно работење. Напомена дека партијата секогаш ќе биде верен партнер на граѓаните кои чесно работат и придонесуваат да изградиме квалитетно општество.

„Сега уловите се променија. Како одговорна партија, домаќинското работење е клучно за ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме партија која ги почитува граѓаните кои со труд, работа и капитал се борат за поквалитетен живот“, децидна беше Кузманоска.

Апелираше СДСМ да започнат да поддржуваат и поздравуваат добри политики и да не се служат со деструктивни критики. Истакна дека време е зрело да се делува во интерес на граѓаните, користа да ја почувствуваат и уживаат и идните генерации.

„Затоа колеги од СДСМ време е да почнете да почитувате, потребно е да почнете да делувате, а не само да критикувате. Да дадеме можност, а притоа да ги користиме сите механизми што ни се на располагање за вршење на задачите и обврски кои ни ги доделиле граѓаните, за добробит на сите, во настојувањето да градиме подобра иднина и да ја развиваме нашата државата на сите полиња, за нашите и идните генерации“, заклучи Кузманоска.

Слични Објави