|

Лажни се пријавите за наводно поставени бомби, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, велат од МВР.

Слични Објави