Легендарниот воз „Ориент експес“ беше пречекан во Варна- во минатото бил управуван и од бугарскиот цар Борис III
Легендарниот воз „Ориент експрес“ денеска повторно пристигна во Варна, јавува БНР. Луксузниот воз беше пречекан на железничката станица во морскиот град малку по 17:00 часот, локално време.
Историскиот воз сообраќа од 1883 година по линијата Париз – Истанбул. Пред Втората светска војна, за време на неговото поминување низ Бугарија, тој бил управуван лично од цар Борис Трети.
