ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА 27 ЈУЛИ-2 АВГУСТ

Овен

loading...

Интересна недела ги чека претставниците на хороскопскиот знак Овен. Ако сте скриле некои информации од вашиот партнер, сега сѐ ќе излезе на виделина. Венера сега е во вашето комуникациско поле. Можно е да бидете повоздржани во вашите емоции кон партнерот или кон некој што го привлекол вашето внимание. Некои Овни ќе сфатат дека веќе е дојдено времето да продолжат понатаму и да ги избришат од нивните животи спомените на некој со кого веќе не се во врска.

Бик

Претставниците на Бик кои не се во врска можат да бидат разочарани од неуспешните обиди да пронајдат партнер. Бидете внимателни кога комуницирате со луѓе што не ги познавате доволно добро. Некој може да се појави во светло кое ќе ги измами вашите емоции. Не правете компромис со себеси. Ако веќе имате партнер, посветете поголемо внимание на романтиката во вашата врска.

Близнаци

Близнаците можат да се чувствуваат фрустрирани на многу начини – работа, љубов, итн. Не треба да давате слобода на негативните мисли кои ја уништуваат вашата самодоверба. Не дозволувајте туѓите мислења за вас да влијаат врз вашата самодоверба. Вие ја заслужувате целата љубов и не се сомневајте дека ќе ја добиете. Сонцето доаѓа за вас.

Рак

Раковите кои се во брак може да станат фрустрирани и да се соочат со својот близок заради несовпаѓање во вредностите и прикривање на одредени проблеми во врската. Понекогаш силните емоции прават да ги затвораме очите кон некои работи, но така доаѓа до распаѓање на врската. Па, оваа недела разговорите со партнерот ќе бидат први на агендата.

Лав

Лавовите сакаат да флертуваат, да се забавуваат, но понекогаш забораваат дека сето ова не е безопасно. Па, оваа недела ќе ја научите оваа лекција во која некој веќе може да почне да чувствува нешто кон вас. Вашето пријателство со одредена личност веројатно здобило подлабоко значење. Ако вашите емоции не се обострани, ќе мора да се справите со тоа. Лавовите кои се во врска или брак ќе уживаат во добрите моменти со својата сакана личност.

Девица

Ако во последно време чувствувате дека вашиот партнер помалку ве поддржува и тоа ве прави да бидете несреќни, нема да можете да ги одложувате разговорите на оваа тема. Девиците кои бараат љубов, треба да внимаваат на новите контакти. Другата страна можеби не е вистинската личност за вас.

Вага


loading...

Некои од Вагите ги очекува тензична недела. Флертувате со колега? Бидете внимателни да не почнат да ве озборуваат. Вагите кои се во врска не треба да ги занемаруваат личните односи со тоа што ќе се пренатрупаат со работа.

Скорпија

Конфликти за пари се можни, особено ако вашиот партнер потрошил повеќе и не го споделил тоа со вас. Оваа недела повеќето Скорпии ќе бидат незадоволни од односот на своите партнери и љубовта. Слободните Скорпии со сомнеж ќе пристапат на новите пријателства. Бидете потрпеливи!

Стрелец

Планетата на љубовта Венера е во секторот на вашата врска веќе невообичаено долг временски период. Неговата ретроградна фаза помеѓу 13 и 25 јуни сигурно влијае на вашиот љубовен живот. Оваа недела, работите ќе достигнат кулминација. Време е да свртите нова странца. Време е за нов почеток, без разлика дали сте во врска или барате нова љубов. Стрелците во брак ќе ги надградат односите со партнерот.

Јарец

Јареците се добри во избегнувањето на оние работи што не функционираат во нивниот љубовен живот. Оваа недела може да се чувствувате повредени од она што се случува. Ќе треба да го промените моделот што го користевте досега. Не потклекнувајте на негативните емоции, не брзајте до конечните одлуки.

Водолија

Можеби за некои од вас љубовниот живот во последните неколку месеци беше шарена мелодрама. Поточно, додека Венера беше ретроградна во периодот од 13 мај до 25 јуни. Вашиот поранешен партнер ве потсети на себе, вие сте во љaубовен триаголник или нешто друго … Запомнете дека она што го сакаме не е секогаш она што можеме да го имаме или она што го заслужуваме. Ако имате сериозна врска, препуштете се на повеќе романса.

Риби

Време е да се откажете од незадоволството што ве опфати последниве месеци а тоа е недостапната замислена романтична приказна која не ви се оствари. Време е за нов почеток. За Рибите во сериозна врска работите на љубовен план ќе почнат да се подобруваат. Ако има прашања на кои сакате да разговарате со вашата сакана – направете го тоа, но внимавајте да не ја уништите романсата.