ЉУПЧО ЗЛАТЕВ ВЛЕЗЕ ВО ОТВОРЕНА БИТКА СО САШЕ ПОЛИТИКО
ОТВОРЕНО ПИСМО ДО СИТЕ ФИНАНСИЕРИ НА САШЕ ПОЛИТИКО!
Почитувани, вечерва на веб страницата „МактелМК“ осамна текст со наслов „ЉУПЧЕ ЗЛАТЕВ – НОВИНАРИШТЕ, ШМЕКЕРИШТЕ, ЈЕБАЧИНА“ (скриншот 1). Овој текст, е проследен со фотографија од мојата девојка Магдалена и мене, со што практично авторот и сопственик на Мактел, удира по нејзините чест, углед и достоинство. Ова е гадно и мислам дека на секој нормален кој ќе го погледне, ќе му се згади.
Мојата девојка Магдалена Стојмановиќ, со која веќе некое време водиме заеднички живот е девојка со чест, углед и огромен личен и професионален интегритет. Магдалена е студент на генерација, дипломиран филозоф и социолог и магистер по социолошки науки. Се занимава со сериозна дејност, со издавваштво. Многу автори и многу книги во Македонија дошле и биле промовирани поради нејзиниот ангажман.
Магдалена, со ништо не заслушува ваков третман. Не заслужувам ни јас, но ајде, сум се фатол на оро па ќе издржам. Сепак, не можам да останам рамнодушен на вакви писанија кои ја повредуваат личноста со која јас градам заеднички живот.
Од авторот на овој текст не очекувам никакво извинување, него не можам да го третирам како ентитет со свест. Но, оние кои се рекламираат на неговиот сајт и со тоа плаќаат некој вака да удира по моите најблиски, ќе си имаат работа со мене.
Како новинар, секогаш сум работел исклучиво за јавен интерес. Никогаш не сум навлегувал во приватните работи на луѓето. Но, поради вашата неодговорност (да го финансирате ова лудо суштество кое удира по мојата света приватност), во овој момент одлучив пристапот кон јавниот интерес малку да го сменам.
Па мојата мисија ќе третирам како јавен интерес, затоа што јавен интерес е да разбереме дека треба сите новинари да се бават само со јавен интерес. Оние кои финансираат лично шиканирање, работат против јавниот интерс.Тоа сте вие!
Јас не сум ни прв, ни последен случај на ваков шиканирачки личен третман, во кој се удира по она што на човек му е најмило. Ова мора да престане.
Затоа, поставувам улиматум во рок од 42 часа, сопствениците на компаниите кои се рекламираат на порталот на Саше Ивановски лично преку меил, телефон или на среба да ми се извинат за неговите пишувања и во истиот тој рок да ја повлечат рекламата која ја објавиле на Мактел.
Во спротивно, по истекот на тие 48 часа, како што Саше се занимава со мојата парнерка, јас на мојот портал (кој има преку 2 милиони посети месечно) ќе се занимавам со вашите жени, ќерки, синови. Ќе објавувам, кој на кого му е швалер, кој каква сексуална определба има, што прави во слободно време, какви му фетишите. Ќе пишувам се, а богами и ќе зачинувам.
Овој ултиматум важи за:
Иван Туџаров (РЕПЛЕК), Грегорие Гоговски (ТТК), Мите Брилијант, Живко Муакетов (АЛКОАЛИД), Владимир Стајиќ (ГУЛФ), Митко Јанчев (КОЖУВЧАНКА, СИНАЛКО), Божидар Јанковски (Дајнерс), Роберт Димитров (ТЕЛЕКАБЕЛ), Ванчо Чифлиганец (АДОРА)..
П.С. Никаков маркетинг од вас не прифаќам, не пробувајте да ме потплатите. Само тргнете се од кај овој монструм и извинете ми се. Тоа е доволно. На секоја објава за вашите семејства, ќе стои дека објавувам поради ова.
мојот меил е: [email protected], напиша на својот профил сопственикот и главен уредник на порталот Лидер, Љупчо Златев.