| |

МАКЕДОНЕЦ ОД С. ЛАСКАРЦИ СИ ЈА УБИ СОПРУГАТА НА ПАРКИНГ ВО АВСТРИЈА

Државјанин на Македонија ја уби својата сопруга во Австрија. Осомничениот е 36 годишен маж кој според локалните медиуми ја пречекал својата сопруга (32) на паркинг пред супермаркет во градот Тулн и ја нападнал со нож пред очите на повеќе минувачи. Брачниот пар имале две деца, 6 и 10 години, кои исто така биле сведоци на убиството.

Сопружниците потекнуваат од скопското село Ласкарци, кај Сарај.

Австриските медиуми пишуваат дека по трагедијата децата биле згрижени во соодветните институции. Убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое е извршено убиството.

Мотивот за убиството се уште не е познат.

Слични Објави