| |

Македонија се дави во антибугарска предизборна кампања

Пишува: Ели Секуловска/ БГНЕС

Претседателската капмања во Северна Македонија е во полн ек. Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24-ти Април, додека пак вториот, заедно со парламентарните избори е закажан на 8- ми Мај. Во трка за престедател на државата се седум кандидати од кои пет се преставници од македонскиот политички корпус, додека пак останатите двајца се од албанскиот политички блок .

Но, што нудат канидатите за претседатели од македонскиот политички корпус освен една монолитна нарација, застарени труизми зачинети со национал- шовинистички страсти и отпор спрема Бугарите?

Апослутно ништо!

Обликот на соопштување на мислите е ист како и порано и не подложи на никаква еволуција. Нивните реченици се дават во македонската бесмртна баналност, набиени со слогани, схеми, манири на македонската национална мисла, без да се даде никаква свежа содржина.

Се чини дека само една работа е сигурна во Северна Македонија, а тоа е дека ништо не е сигурно и дека ништо не е онака како што изгледа.

Социјалдемократите се за либерализам, десничарите се за левицата, а политичките насилници се за процедура.

Кандидатот за претседател Максим Димитриевски од партијата „Знам“, инаку фракција на Социјалдемократскиот сојуз, предлага модификација на Договорот со Бугарија и внесување на Бугарите во Уставот откако Северна Македонија ќе ги отпочнела преговорите со Европската Унија! Тоа би значело дека правата на Бугарите би биле ставени на одложено време!

На сличен став е и кандидатот за претседател, Стевче Јакимовки кој неодамна беше ставен на американската црна листа.

Кандидатките за претседателки на Северна Македонија, Гордана Силјановска и Билјана Ванковска застапуваат исто гледиште во однос на билатералниот договор со Бугарија и се залагаат за поништување на Францускиот предлог. Гордана Силјановска, порано левичар, сега кандидат за престедател на партијата ВМРО-ДПМНЕ говори за насочување на Северна Македонија кон европскиот пат,но со поништување на Преспанкиот договор и Договорот со Бугарија. Билјана Ванковска, кандидат на партијата „Левица“, исто така се залага за укинување на Договорите и порачува дека насоката кон која би требало да се движи државата е Исток, поточно влегување на Северна Македониja во БРИКС.

Поумерен став во однос на уставните измени има кандидатот за преседател од Социјалдемократскиот сојуз, Стево Пендаровски, додека пак албанските претставници Бујар Османи и Арбен Таравари се залагаат за брзи уставни измени,реформи во сите области кои се неопходни и брз пат кон отпочнување на процесот на преговори со ЕУ.

Следејќи ја кампањата, имате впечаток дека Северна Македонија е една голема клоака чии актери се валкаат во калта пред нашите очи, а паланечкиот менталитет се преселил и во политиката.

Државата не стана клоака од вчера, туку сега ја имаме таа ретка чест да видиме како актерите едни со други си фрлаат кал пред нашите очи со национал-шовинистички „изми“.

Заинтересирани за платформи на кои во преден план им се националстичките барања, зедничко на сите кандидати од македонскиот политички корпус е повикувањето на некој облик на колкетивен идентитет. Ова е само еден показател дека Северна Македонија се уште не зачекорила напред во ниту еден сегмент од нејзиното битисување, туку остана во мочуриштето на интелектуалната провинцијалност. Нaционализмот стигна до максимум, a зависноста на Македонците од македонизмот e брутална .

Страшно е да се помисли – што?

Бугари во Устав?

Никогаш!

Навистина е трагикомично и помалку чудно што нивната дискусија против Бугарите се води свечено, со децении наназад и се претвори во начелна контроверзија на македонскиот интелектуализам. Тоа е тема на безбројни предавања, колумни и напишани книги. Тие велат дека нив им е потребна историја затоа што без историја тие би биле обезличени и почнуваат да ја фабрикуваат на сила, ставајќи на секое ќоше споменик на безбројните им народни херои, секоја втора недела прославуваат по некој национален празник притоа држејќи бомбастични говори и наголемо се уверуваат себеси дека имаат некакво големо минато. Фабрикувањето на историјата во Северна Македонија е зафат кој проголтува колосални големини на изгубено време. Целата атмосфера како да наликува на фудбалски натпревар, а македонската дружина се однесува како фудбалски тим кој мора по секоја цена да победи., но за жал никогаш не им успева да дадат гол.

Постојано се докажуваат дека се најстар народ на светот и најчесто во своите говори употребуваат: „Ние Македонците“ !

Каква е таа Северна Македонија – какво е тоа „ние“?

Тоа не се знае..

Доколку изгуглате на интернет, ќе видите дека ниту еден народ на светот не се докажува толку многу дека е најстар народ на светот како што тоа го прават Македонците; прво затоа што за тоа нема докази и второ затоа што тоа не е ниту важно.

Но, зошто токму Македонците го прават тоа?

За да можат да го оправдаат своето сопствено ништавило во кое живеат. Од нив излегува мрачната фантазија, без која прекумерноста на банкротот и беспарицата, не би можела да се проголта.

Минатата недела, Светска банка го презентираше најновиот Економски извештај за Западен Балкан во кој се наведува дека Северна Македонија лани имала најнизок економски раст меѓу земјите во регионот со 2,5 проценти и со најголем буџетски дефицит.

Истот ден и американската невладина организација “Фидом Хаус” го презентираше својот извештај од 25 странии според кој, Северна Македонија е оценета како “циличен хибрид” во однос на правото и борбата со корупцијата. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Лошите оценки нотирани во извештаите беа ударна вест на сите информативни порграми, но наместо да има продлабочување, анализи,паралели од страна на македонската експертска и политичка јавност, медиумскиот простор беше повторно исполнет со антибугарска реторика!

Реформите требаше да се случат уште пред 30 години, но таканраечена македонска авангарда и експертиза кога станува збор за клучни прашања е карактеристична по својата иронија, саркастичниот ескапизам и играњето на „криенка“. Потпирајќи се на своите синекури тие го користат фактот дека ова толку многу затворено општество најмногу сака да го слуша „она што веќе одамна го знае“. Криејќи се под маската на национал- шовинистичкиот наратив,нивниот нелојален живот, незаслужената хиерархија, неискрениот став како према граѓаните, така и према Европа, не допуштаат да се влезе во непосреден допир со епохата, со иднината.

Гледајте ги сите тие празници на македонската интелигенција: тие концепиции, тие откритија! Перспективи! Суптилности! Публикации! Конгреси! Дискусии! Институти! Но, сепак,фрапира недостокот на ерудиција, интелект и отоврен ум.Принципот на обратната пропорционалност достигна до самата суштина на работите затоа што се поголемата надуена ерудиција одговара на се поголемата категорија на глупости и неразумност. Во македонската епистема она што е глупаво и несфатливо, е несфтливо на гиганстки начин и затоа не може ниту да се фати.

Херметичко затвореното општество го содаде Македонецот кој створен по пат на дедукција твори дедукована книжевност, пишува ,размислува, има дедуковани морални принципи, дедукована мерка…за да може да биде дел од дедукованата Северна Македонија. Се е тоа затворен круг без индивидуалност, кој створи анемија на образование , филозофија, уметност, недостаток на идеи, луѓе!

Ние сме далеку од Европа, симболички востановени на празноверие и митови. Овде е се претворено во ментална црква .Бугарите само би им го нарушиле тој монолит на нетворење и гасење на духот.

Се прашувам како да се сака оваа држава, како да ја чувствува како своја кога се дави во морето од хегемонистичко-христијански-националистички нарации? Каква е оваа таканаречена демократија која не сака да мисли и да се грижи за малцинствата?

Но, ништо не треба да не чуди за оваа држава која мисли дека националноста се остварува по некој однапред предвиден програм. Згрчени во формата, удавени во национализмот, тие не подлежат на никаква еволуција . Општествата втемелени на догми, а не на развивање на жива дискусија не можат да се модернизираат и да го фатат колосекот на европскиот пат.

Ќе мора да следи период на депресија и отрезнување,но затоа е неопходно да се појави спасувачка антитеза, творечка опозиција која ќе оди чекор напред. Не сум сигурна дека на ова тло би можело да ја создаде таа опозиција која ни е повеќе од неопходна. Беспомошноста на епистемата наспроти неразумноста е одлика на Северна Македонија.

Доколку Македонците не го прифатат фактот дека се народ како и сите останати народи на овој свет и по ништо посебни; додека не се свртат кон иднина, наместо кон фабрикуваното минато, тогаш секоја добронамерна критика, совет, ентузијазам од страна на Европската унија да и се помогне на оваа држава за конечно да тргне по европскиот пат ќе биде само изгубено време. За жал тоа значи и губење на младата популација која во се поголем број масовно ја напушта државата барајќи подобра иднина, кариерно развитие и барем малку почитување на човековата индивидуа незаглупена во ефтиниот комодитет на колективниот разорен националистички наратив и празната фразеологија.



Слични Објави