Македонски државјанин уапсен на граница, се обидел со 5 евра да подмити полицаец

/

Државјанин на Република Северна Македонија е приведен од страна на косовската полиција, поради обид да поткупи со пет евра полицаец кој му ги прегледувал патните исправи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на косовската полиција се наведува дека настанот се случил вчера (вторник, 31 мај), на граничниот премин Вермица/Морина на косовско –албанската граница.

По налог на надлежен обвинител македонскиот државјанин е пуштен да се брани од слобода, додека пасошот му е запленет до завршувањето на судските процедури.



Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Неверојатен и поразителен податок, до 11 часот издадени 6200 кутии дијазепам

Следна статија

Песков: Не е исклучена средба помеѓу Путин и Зеленски

Најново од Вести