|

Македонското МВР го проверува 19-годишникот, кој планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

Австриските власти до Министерството за внатрешни работи испратиле барање за проверка на осомничениот кој планирал да изврши напад на концерт на американската ѕвезда, Тејлор Свифт.

Се работи за 19-годишниот Беран А. кој е роден во Австрија, а неговите родители потекнуваат од Македонија.

МВР постапува во однос на барањето.

Беран е приведен, а според последните информации, тој признал дека планирал да изврши напад пред стадионот во Виена каде што требаше вечерва и во следните два дена да настапи славната пејачка.

(Фото) Беран А. е терористот со потекло од Македонија кој го планирал нападот во Виена



Слични Објави