Макрон бара да се утврди вистината за улогата на Израел во убиството на 100 Палестинци
Претседателот на Франција, Емануел Макрон побара да се утврди вистината за улогата на израелските војници во убиството на повеќе од 100 Палестинци кои вчера чекаа хуманитарна помош во Појасот Газа.
Палестинските власти тврдат дека израелските сили убиле повеќе од 100 луѓе додека чекале да пристигне помошта.
„Длабоко негодување на сцените од Газа, каде што цивилите беа застрелани од израелски војници. Силно го осудувам таквиот напад и повикувам на вистина, правда и почитување на меѓународното право, рече Макрон.
Тој оцени дека итно воспоставување прекин на огнот е императив, пренесува Ројтерс.
