МАКРОН ГО ПРОДОЛЖИ КАРАНТИНОТ ВО ФРАНЦИЈА ДО 11-ТИ МАЈ
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека го продолжува карантинот на населението до 11-ти мај. „Најстрогиот карантин ќе биде продолжен до 11 мај“, рече Макрон во телевизиското обраќање до Французите за пандемијата на коронавирусот во земјата.
Тој прецизира дека карантинот ќе биде до 11 мај доколку граѓаните продолжат одговорно да ги почитуваат мерките против ширење на инфекцијата. Околу 67 милиони Французи се повикани на 17 март да не ги напуштаат своите домови, а доколку треба, го можат тоа само во исклучителни прилики – за купување храна и од здравствени причини.
