Марихуана пронајдена во буре во двор во Велес, се бара притвор за дилерот

/

Велешкото основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против велешанец за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Осомничениот, во дворот од куќата на неговата баба каде тој повремено престојувал, неовластено заради продажба држел 420,6 грама марихуана.

Дрогата, спакувана во едно најлонско кесе, ја чувал во метално буре во дворот, а полициски службеници од СВР Велес ја пронашле при претрес.



Со оглед на тоа што осомничениот веќе е осудуван за исто кривично дело и дека во текот на истражната постапка треба да се сослушаат сведоци кои се во роднинска врска со него, јавен обвинител оценил дека е оправдан стравот осомничениот да го повтори кривичното дело и да влијае врз сведоците.

Од тие причини до Основниот суд Велес доставен е предлог за определување притвор за осомничениот.

Претходна статија

СЗО: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Следна статија

Тројца повредени во автобуската несреќа ќе бидат отпуштени попладне од софиската болница

Најново од Вести