| |

Мартин Шулц поднесе оставка од лидерската позиција на германските социјалдемократи

Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Мартин Шулц синоќа поднесе оставка од местото партиски лидер, и изјави дека е време за обновување на партијата. Раководството едногласно ја именува претседателката на парламентарната група на СПД во Бундестагот, Андреа Налес, за негова наследничка. Но, таа ќе стапи на должност по вонредниот партиски конгрес, што ќе се одржи на 22 април.  Оставката на Шулц беше очекувана, откако тој, под притисок на своите сопартијци, се откажа од функцијата министер за надворешни работи во новата коалициска влада со конзервативците на Меркел. На изборите во септември, социјалдемократската партија, под водство на Шулц ги освоија најслабите изборни резултати по Втората светска војна.



Слични Објави