Маските на „русоробите“ паднаа!
Пишува: Маузер
Пред извесно време прв пат го слушнав зборот „русороби“. Мала хумористична промена на епитетот русофили, со коja што се бара поточен опис на поведението на тн. бугарски русофили кон самата Русија. Односно нивниот робски однос и слепа послушност кон таа „Империја на злото“, најчесто на нивна сопствена штета. Му служат на силниот господар, кој секогаш е во право, а се што прави е на нивна штета, а за тоа си се виновни самите тие. Тие се подготвени да загинат за мајчицата Русија и да ја оправдуваат нејзе и нејзиниот јавач на мечки во секоја ситуација. И кога спротивно на сите потпишани договори уценува со плаќање гас во рубљи и ја прекинува доставата, и кога се подигрува со споменот на Св. Климент и кирилицата, и кога се заканува со нуклеарни војни, и кога прави инвазии на суверени и демократски држави и кога присвојува територии од други држави.
Нивниот феномен, некои го објаснуваат со улогата на Русија во создавањето на Бугарија, релативната неписменост на дел од населението и наследството на комунизмот. За среќа тие во народот се далеку од мнозинството, но се многу гласно малцинство. За жал, пак, од другата страна тие се значаен дел и веројатно мнозинството од бугарската политичка, бизнис и воена елита.
Така и денес повторно имаме шанса да ги видиме тие рурособни елити и странска агентура на дело. Имено, Украина е во војна за своето прежувување како нација и држава со многу посилен противник и потребни и се големи количини на оружје и муниција кои се доставуваат од Западот. Поголемиот дел од Европа, односно сите ЕУ и НАТО држави се одговорија на украинскиот повик за помош и доставија кој помалку, кој повеќе, одредена количина на оружје. И тоа дава резултати. Украинците успешно ги натераа Русите на повлекување на целиот северен фронт, го запреа напредувањето преку Дњепар и формираа фронт на истокот. Цела Европа во моментов е обединета во својата поддршка за Украина. Некои земји се уште се колебаат да го одврзат до крај ќесето, но генералниот консензус е дека на Украина и треба воена помош веднаш и во големи количини. Сите се приклучија освен Унгарија на Орбан и до скоро Бугарија…
Спротивно од тие две, најимпресивна е помошта на малите Естонија и Литванија кои по глава на жител даваат најмногу иако самите се во голема опасност од Русија, додека најзначајна е таа на САД, Полска, Чешка, Словачка, Канада и Обединетото Кралство.
Земјите кои најмногу се запознаени со советската и руската чизма најмногу се истакнуваат во својата помош и спротивно на тоа што русоробчињата ќе кажат, тие не се во војна со Русија. И не се само НАТО државите кои даваат помош на Украина, туку и неутралните соседи на Русија – Финска и Шведска. Замислете, Финска и Шведска, кои се пример за неутралност и пацифизам и кои граничат со Русија не се плашат од некаква војна со Русија и даваат воена помош на Украина.
Не само тоа, туку и додека русоробите на Копејкин и Нинoва крештат за „целосна неутралност“ државите, кои ја живеат таа неутралност веќе 70 и нешто години, решија да ја заменат за своето членство во НАТО. Пресметката е едноставна – државите кои се во НАТО се безбедни држави и надвор од дометот на ботоксираниот кепец. Државите кои се надвор од НАТО биваат нападнати. Само прашајте ги Молдавија, Украина, Грузија или балтичките држави која е разликата да си во НАТО или надвор од него. Разликата е огромна, а „нашите“ будали се уште се обидуваат да не убедат дека е подобро да се биде во друштвото на првите отколку вторите.
Истите тие малоумници забораваат дека, ако Русија нападне било која од членките на НАТО Бугарија ќе биде во војна бидејќи Бугарија е дел од тој сојуз. Исто така важи и обратното, ако Русија се осмели да ја допре Бугарија, остатокот од алијансата ќе дојде на помош на Бугарија затоа што да повторам, Бугарија е дел од тој сојуз веќе 18 години! Давале вие оружје или не, ако дојде до војна помеѓу Западот и Русија за Бугарија нема неутралност, а гледајќи ги анкетите на јавносто мислење во Русија поверојатно е дека истата ќе ја нападне Бугарија отколку Западот да ја нападне Русија.
Бугарија пропушта историска шанса да се промовира како лидер во регионот главна алка на југоисточното крило на НАТО. За разлика од нејзе поизложените кон Русија и економски и општествено поуспешни Полска, Словачка, Чешка и балтичките земји ја искористија шансата и се промовираа себе си како главни бранители на Европа. Нивната меѓународна положба значајно се подобри и Полска од одметник и санкционирана страна, стана во моментов еден од лидерите на истата таа Европа. Земја на која што поради својата улога и од воен и хуманитарен карактер светот и симнува капа. Истата Полска утре ќе ги бере плодовите од акумилираниот политички капитал, од обновата на Украина, од новиот прилив на работна сила, од својата улога на регионален водач и главен примател на американска воена опрема. Истото во помала мера важи и за останатите кои значајно ја подобрија својата положба. Бугарија за жал не е една од тие земји, иако поради типот на муниција која што ја произведува и воената опрема што ја користи е една од земјите кои најмногу може да помогне на украинската војска. Нека не плаче друг пат Бугарија, кога во Брисел е третирана како страно ткиво и како никој не ја разбирал нејзината позиција. Нормално е дека ќе се однесуваат кон вас како вие да сте тие надвор од ЕУ, кога самите се однесувате како да не припаѓате на тој блок и покрај години и години членување.
Русоробните елити континуирано ја саботираат својата земја за интересите на господарот. Дали е некој изненаден од нив? Тие истите што ја доведоа Бугарија во целосна зависност од руски гас за кој не се добива никаков попуст во цена и ги саботираа сите обиди за диверзификација. Тие кои и покрај скоро 20 години членство во НАТО, ја задржаа целата воена опрема од советско производство, ја осакатија нејзината борбена способност и саботираа набавки на западно оружје. Тие истите кои се елитата и олигарсите кои што ја покрадоа државата и голем дел од нејзе доведоа до просјачки стап. Да, бугарските олигари и мафијаши се речиси сите без исклучок луѓе на службите од сателитскиот режим на Русија или тесно поврзани со нејзе на друг начин. Да не го спомнувам и кукавичлукот на БПЦ која што веднаш потклекна под притисокот од Москва и одбработи за српски интереси повлекувајќи се од својата улога на црква мајка. Црквата која што сама отиде против светот пред 150 и нешто години, без чија што храбра улога бугарската нација немаше да постои сега го повлекува опашот за да не и се налути некој во Москва.
Ајде барем кога се има таков слугински однос да се добиеше некоја награда од Русија. Ама ни тоа не бива, па таа кон Бугарија се однесува со целосно потценување и секогаш најжестоката дипломатска реторика и понижување се резервирани за Бугарија и мава по Бугарија секогаш кога треба од некого да направиме пример како сега со сопирањето на достава на гасот спротивно на сите договори.
Сепак дуваат одредени ветришта на промена. Бугарија почнува со доставување на оружје за Украина. На денот на пишување на оваа колумна еден украински авион веќе лета од Софија за Полска. Не е точно кажано што доставува, но фактот што лета преку Јадранското море и ја заобиколува Унгарија укажува дека веројатно не се велигденски јајца. Бугарскиот народ мнозински ја поддржува Украина во својата борба. Протестот на иZраждане за „неутралност“ изгледаше патетично во споредба со поворките за поддршка на Украина во Софија и Пловдив. Ќе треба многу време да се исчисти Бугарија од силната петта колона, но ќе дојде и тоа еден ден. Маските веќе паднаа и нема веќе криење околу тоа кои се русоробите и за кого работатат. Новите лица што се појавуваат ќе бидат се подалечни од таа токсична матрица и Бугарија ќе тргне на подобар пат. Јас верувам во Бугарија!

