МАСКИТЕ ПАДНАА
Лажниот патриотизам во државата, кој со години наназад се трудевме да го разголиме, конечно го покажа своето најгрдо лице. Сега никој не повикува на протест. За давање мандат во Собрание, центарот од белиот двор безмалку што не започна граѓанска војна кога туркаше народ пред себе да крвари за нивните фотелји. Сега, кога му го стегнаа ножот на својот народ кој ги гласал, ги нема никаде. Штама синхронизирана и од Белата палата и од кај толку воспеаниот и лажен патриот, претседател на даљинско, Хорхе Паљурски. Искрено жалам за изневерените луѓе кои навистина од љубов кон својата земја беа злоупотребени само во дневно политички битки. Ќе дојде нова генерација на луѓе која ќе ги крене своите кои се сега клекнати на колена и ќе продолжиме напред. Нас никој нема да ни го одземе овој дом. Напротив. Ќе има нови стандарди на патриотизам кој ќе биде воден од искрата во срцето, и водачите секогаш ќе ги водат своите битки напред пред луѓето, а не позади нив. Бесрамници. Се ситам на вашата мизерија. Сѐ што можам да кажам е дека вешто лажевте и вешто ги злоупотребивте чувствата на луѓето. Тоа скапо ќе го платите. Ќе ве избришеме со гума од постоењето а во колективната меморија ќе живеете во најцрните спомени. Вие сте криминалци, вие сте предавници, вие сте грозни манипулатори а вашето лице конечно се распадна. Од тој бел дворец, освен таа фасада, само руини и згазени човечки животи останаа. Од крвта и коските на обичниот човек изградивте династија. Лажна слика на една депонија која е отпад на најлошите настани на оваа држава. Цехот ќе го платите а на сцената ќе дојдат нови, чесни, млади и неизвалкани ликови. Вашата сатира ЗАВРШИ!!!
Автор: Кристијан Мицкоски, институт „Христо Узунов“/ conservative.mk
