| |

Матурантка од Благоевград подарува три фустани за матура на девојки од социјално ранливи категории

Матурантка од Благоевград подарува три фустани за матура за три девојчиња од социјално ранливи категории, кои треба да бидат матурантки годинава.

За агенцијата „Фокус“, матурантката од Природно-математичката гимназија „Акад. Сергеј Королјов“ во Благоевград, Антоана Филчева вели, дека сака да им помогне на своите врсници кои немаат можност да си купат матурски фустани.

„Едниот фустан е долг, син, големина М. Другите два се црни, големина XS/S, а едниот е погоден за послаба девојка. Ќе ги покријам и трошоците за превоз. Покрај матурата, трошоците се многу високи. Постојано мора да се плаќа нешто, било да е тоа коверт или слично.Фустаните оваа година се исто така прилично скапи во однос на ланските цени.Тоа ме инспирираше да помогнам на таков начин. Да, тоа не е голема работа, но барем е од срце“, додава таа.



Слични Објави