МАЖИТЕ ЛАЖАТ ПОВЕЌЕ, НО ЖЕНИТЕ ЛАЖАТ ПОДОБРО

И во тоа се жените подобри

Ајде нема што да се лажеме, мажите лажат повеќе, но за помали и неважни нешта, за да не го повредат егото на жената или едноставно, за да избегнат скандали за глупости. А, жените? Лажат поретко, но многу подобро и во многу потешки ситуации.

Замислете за што се жените ги лажат мажите? За бројката, поранешниот, искуството, запознавањата во барот, невино флертување во кафетеријата и разговор со еден маж, кој и е “само пријател”.  Сигурни сме дека има повеќе женски тајни што ги знаат само жените и нивните пријателки.

Машките лаги: Пред легнување рекол дека ги измил забите, ве излажал дека бил на фитнес за да не му се скарате и сосема не се загледал во девојката со краткото фустанче што дури и вие можете да ја гледате.
Во овој свет не постои пар каде 100% се искрени еден со друг. Секогаш ќе постои ситуација во која ќе треба да премолчите нешто,  во името на љубовта или да избегнете сцена на љубомора или скандал.

Жените се многу добри во манипулирањето и избегнувањето на многу ситуации, за да не го повредат мажот до нив. Па, да речеме, жените сакаат да изгледаат добро, им се допаѓа кога мажите ги ,, бркаат ’’ , сакаат да добиваат комплименти и да парадираат со стил и убава облека.

Најголемата моќ ја има жената која е навистина сакана. Во едена врска има двајца, но едниот секогаш сака повеќе. Многу често се менуваат улогите. Но, кога жената е сакана повеќе, врската за жената станува полесна. Тоа се силни жени кои сакаат да добијат сè, но нешто сепак недостасува, тие сакаат се повеќе и повеќе и се љубопитни за другите мажи. Најчесто претходно, тие сакале повеќе, но по многу обиди и тешки разделби научија да добиваат сè и да даваат помалку за да им биде полесно.

Некои лаги можат да се проголтаат и простуваат, други сакаме да не ги дознаеме, а трети  да ги променат нашите животи. Најважно е никогаш да не се залажуваме и да бидеме вистински среќни, следејќи ги нашите срца .

Слични Објави