МИЦКОСКИ БАРА СИТЕ НЕЗАВРШЕНИ СЛУЧАИ НА СЈО ДА ПРЕМИНАТ ВО НАДВЛЕЖНОСТ НА ДРЖАВНИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ

/

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара прво да се расчистат сите сомнежи околу Катица Јанева, за нејзина можна инволвираност во случајот „Рекет“, па дури тогаш да биде унапредена во републички јавен обвинител. Тој за време на прес-конференцијата истакна дека и вработените во СЈО треба да бидат проверени за својата професионалност, бидејќи одреден дел од нив се во роднински врски со Катица Јанева.

Според Мицкоски треба да стане јасно дали треба да бидеш роднина на специјалната јавна обвинителка за да станеш дел од тимот на СЈО.
Мицкоски побара и предметите на СЈО што не се завршени, да бидат префрлени во домен на Јавното обвинителсто.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повика јавниот обвинител да по допрен глас да започне предмети за сегашните и минатите високи функционери кои го прекршиле законот. Мицкоски подвлече дека неговата партија нема да поддржи закон, што ќе создаде алатка за политичка пресметка со неистомислениците. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара исто така новото Обвинителство да не биде финансиски независно, затоа што ваквиот статус на новото тело нема да биде фер и коректор кон останатите обвинители во земјата.





Претходна статија

СКОПЈЕ ИНФО: МАЖ СО ШПРИЦ ВО РАКА КОЛАБИРА НА КЛУПА ВО ЦЕНТАР

Следна статија

ЏАБИР ДЕРАЛА ВО СВОЈАТА НОВА КОЛУМНА ПРАШУВА ДАЛИ ЗАЕВ ЌЕ МУ СЕ „ЗАБЛАГОДАРИ“ НА АХМЕТИ

Најново од Вести