| |

Мицкоски ги руши мостовите меѓу Бугарија и Македонија

Пишува: Љупчо Куртелов/БГНЕС

Од кога минатата година на парламентарните избори во Македонија победи популистичката партија (квази)ВМРО-ДПМНЕ и потоа формираше влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, односите меѓу нашите братски држави тргнаа надолу. Се бара „влакно во јајцето“, се наоѓаат илјадници (квази)аргументи, само за да не се исполни потпишаниот договор за ПРИЈАТЕЛСТВО, склучен меѓу двете држави. Албанскиот коалициски партнер — коалицијата ВЛЕН — која пред изборите ветуваше исполнување на критериумите за напредок во процесот на евроинтеграција, замолкна, благодарение на привилегиите од власта.

Мицкоски се вкопчува се подлабоко, ги ѕида ѕидовите кај Ѓуешево се повисоко и ги руши и онаку малкуте нови, изградени мостови меѓу нас.

Вчера во Охрид беше изграден еден таков мост. Токму во организација на бугарскиот генерален конзулат во Битола, предводен од генералниот конзул Никола Димитров, и охридскиот огранок на Битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, беше организирано претставување на проф. д-р Христо Пимпирев, раководител на бугарската експедиција на Антарктик. Пред многубројната публика, преку филмски материјал и занимлив расказ, професорот Пимпирев ни раскажа за животот и достигнувањата на бугарските научници во истражувањата на седмиот континент.

Се разбравме без преведувач!



Слични Објави