МИЦКОСКИ ПОБАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ ЗАЕДНО СО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И НОВА ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во своето обраќање пред присутните на протестот на неговата партија побара предвремени парламентарни избори, што да се одржат заедно со претседателските избори. Мицкоски исто така побара и избор на нова Државна изборна комисија со претседател предложен од опозицијата.