„Но, да сме јасни, јас и ВМРО-ДПМНЕ не можеме да поддржиме закон кој има единствена цел, амнестија на криминалот на Заеви и пресметка со политичките противници од опозицијата. Се согласувам апсолутно со тврдењето дека имплементцијата на правдата зависи од ВМРО-ДПМНЕ, добро е што и Зоран Заев и неговите обожаватели сфатија дека за неколку месеци од сега реалноста ќе биде поинаква во Република Македонија. Со други зборови, Заев не е во состојба да наметнува услови, ниту да диктира темпо, а правдата е потребна затоа што тој и неговите луѓе носат неправда. Доаѓа правда за сите граѓани, нема привилегирана каста на политичари, туку политичари кои ќе им служат на граѓаните и државата. Секој што се огрешил пред законите и посрамотил пред граѓаните ќе треба да понесе одговорност. Но, Вие сте грешеле многу и затоа сега Ви е потребен закон за обвинителството ваков каков што е за да можете да излезете пред членовите на вашиот ЦК и да ги убедувате дека сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги притиснеле странците да го поддржат законот, па така Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација ќе носеле правда во “заробената држава”, а денес со голем дел од тие луѓе се уортачивте и заеднички ковате планови против Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Притисоците ќе поминат, Катица и останатите ќе имаат можност да докажуваат низ фер истражна постапка дали СЕ или не се дел од октоподот наречен „Рекет“, а Вие заедно со вашите нови ортаци ќе бидете поразени на следните предвремени избори и затоа бегате да проверите дали блескате или ќе ве блесне народот со жестока казна, ден порано. Нема да поддржиме со закон инсталирање на роднините, братучедите на помошниците на Катица, внуците, снаите, соседите и пријателите на Катица, но и по некој член од СДСМ во новото обвинителство, додека младите ја напуштаат масовно државата затоа што не добиле шанса. Ќе има фер транспарентна постапка за секој кој чувствува дека има компетенции да може да се пријави, а не само тие кои вам ви слугуваа до сега, вели во својот статус претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Најново од Вести
Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење попладнево околу 18:30 часот на патот под АГРИА
Министерството за здравство на Малта денеска соопшти дека во таа земја е забележан првиот случај на
Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинети и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со
Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), превентивно апелира
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побараа денеска од рускиот Владимир Путин да