| |

Мицкоски за „Северна“ немоќен, против Бугарија семоќен по српски терк

Пишува: Ели Секуловска/БГНЕС

Синоќа, некаде пред полноќ, беше избрана новата влада на Република Северна Македонија.

Ова е 20 та влада по ред од осамостојувањето на Северна Македонија , додека пак Христијан Мицковски е 13 премиер. Новата влада ќе брои 23 министри, а од нив 5 ќе бидат вицепремиери.

Мицковки во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, притоа појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментот тој е немоќен.

Истовремено, тој беше јасен и дециден во врска со решевањето на билеатралниот спор со Република Бугарија.Тој рече :

„Ваков бугарски диктат под вакви услови нема да пројде и додека сум јас премиер нема да има уставни измени“, рече Мицкоски.“.

Пред гласањето делагатите од Европскиот фронт предводен од Зијадин Села се обратија на прес конференција и кажаа дека тие нема учевствуваат во гласањето на новата влада. Господинот Села во своето кратко обраќање изјави дека прифаќањето на преговарчката рамка со Република Бугарија е единствениот можен пат да се стаса до почеток на преговори со Европската Унија , но владата предводена од Христијан Мицковски нема да го направи тоа.

Новата влада најави фуриозен почеток и решевање на голем дел од проблемите од сите сегменти на општественото живеење дури и во првите 100 дена од нивното владеење.

Секако дека почетокот ќе биде фуриозен кога новата влада најави позајмување на една милијарда евра од Република Унгарија, без да се каже за што ќе бидат наменети тие средства и со колкава каматна стпка.

Позајмувањето влада со влада , е карактеристично за авторитарните режими.

Новата пак министерка за образование Весна Јаневска најави сериозни реформи во образованието , кое со децении наназад се наоѓа на завидно ниско ниво. За да се направат такви реофрми е потребен сериозен пристап кон таа гранка која, според мене е најважна, а за тоа треба време. Образованието е руинирано со години наназад Методологијата, пристапот како и начинот на кој се предава материјата се конфузни , па затоа и учениците покажуваат доста слаби резултати. Понатаму, Северна Македонија не може да си го дозволи „луксузот“ да ги осакатува младите генерации со неквалитетно образование и да ги прави неконкурентни на пазарот на труд.

Енергетиката е омилениот сектор на Мицковски, која исто така е уништувана со години. Новото министерство за енергетика во кое би се споиле Агенцијата за енергетика како и енергетскиот сектор од Министерството за економија , за многумина претставува само чиста козметика, поточно реорганизација од „шупливо во празно“ .Без Стратегија за енергетика, без насока и курс, не знам каде би се движело тоа министерство.

РЕК ( Рударско енргетскиот комбинат) во Битола кој во времето на социјалистичка Македонија е изграден од страна на Русија и кој повеќе од 70% ја снабдува земјата со електрична енергија , со децении наназад стана градинка во која се запослуваат партиските кадри од двете најголеми политички партии.

Во западно европските земји има термоелектрани, но тие се обезбедени по сите правила и прописи што не е случај и со Рек Битола кој е еден од најголемите загадувачи не само на Балканот, туку и во Европа. Мерните станици во Битола покажуваат енормно загадување, а Битола е градот со најмногу малигни заболувања по глава на жител. Иако, со години се аплера да се превземат мерки, никој посебно не се притресува за тоа.

За енергетскиот сектор во Северна Македонија подетално би се осврнала со некое наредно писание

Сето ова што се случува во Северна Македонија ме потсеќа на приказната за грофот од Монте Христо , кој со години копал тунел, и наместо да го изведи на слобода, тој стигнал до затворска ќелија на друг затвореник осуден на многу подолг стаж од неговиот.

Би сакала да не биде така, но за жал уште многу малди генерации ќе бидат жртви на заостанатиот образовен систем, партиското вработување, жртви на неправдата, како и на заостанатиот здравствен ситем во Северна Македонија.

СТАВОВИТЕ И МИСЛЕЊАТА ИЗНЕСЕНИ ВО РУБРИКАТА „ПОЗИЦИЈА“, НЕ СЕКОГАШ СЕ ИЗРАЗ НА УРЕДУВАЧКАТА ПОЛИТИКА НА ПОРТАЛОТ „ТРИБУНА“



Слични Објави