| |

МИЛОШОСКИ: АМАНДМАНСКИ ЌЕ ГО БЛОКИРАМЕ ЗАКОНОТ СО КОЈ АМБАСАДОР НА МАКЕДОНИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Заедно со колеги пратеници ќе го блокираме предлог Законот за надворешни работи, каде за амбасадор се дозволува да има и друго државјанство, освен македонско, соопшти на фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Според него, тоа е погрешно решение и кажа дела ќе поднесат 300 амандмани.

Прво, како што пишува тој, затоа што измената е произволна и претставува обид законот да се прилагоди на неколку персонални решенија на владините партнери за пополнување на амбасадорски позиции.

“Второ, овие измени се спротивни на Законот за класифицирани информации според кој неопходен предуслов за кандидатот за амбасадор да добие “безбедносен сертификат со степен Државна тајна” е да не е државјанин и на друга држава, а амбасадор без безбедносен сертификат не е амбасадор.

Трето, затоа што дипломатијата, како и безбедноста, е сензитивна професија каде лојалноста кон матичната држава не смее да биде доведена под знак прашалник”, пишува Милошоски.

Слични Објави