МИЛОШОСКИ: СОФИЈА ПРЕДЛАГА ГОЦЕ ДА Е БУГАРИН РОДЕН ВО МАКЕДОНИЈА

„Дипломатски извори во МНР споделуваат дека последниот предлог на официјална Софија е дека премиерите Заев и Борисов за време на предвидената средба на 11 ноември во Бугарија би требало да се согласат на следнава дефиниција за Гоце: ‘Гоце Делчев е Македонец во регионална смисла на зборот, но во смисла на народно-етничката припадност Гоце Делчев е Бугарин роден во географската област Македонија‘. Оваа дефиниција потоа би се применила и на многу други историски личности, како Даме Груев, Никола Карев, Ѓорче Петров, Панко Брашнаров, Киро Глигоров и други. Веројатно ова е една од причините зошто Заев одбива и собраниска и политичка-лидерска дебата околу националните позиции на Македонија во однос на договорот за добрососедство со Бугарија, пред закажаната посета на Софија“, напиша пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Facebook.

loading...


loading...