Министерот за одбрана на Бугарија Запрјанов ќе учествува на состанокот на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина
Министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов денеска ќе учествува на состанокот на Контакт групата за обезбедување одбранбена помош за Украина. Средбата ќе се одржи во воздухопловната база Рамштајн, Сојузна Република Германија, јавува БГНЕС.
Во бугарската делегација се началникот на одбраната адмирал Емил Ефтимов, директорот на Управата за одбранбена политика и планирање, бригаден генерал Љубомир Монов, директорот на штабот на одбраната, генерал-мајор Здравко Пехливанов и експерти од Министерството за одбрана на Бугарија.

