|

Бугарскиот државник од Битола Никола Генадиев пишува за Соединението на кнежевството Бугарија и Источна Румелија

Д-р НИКОЛА ГЕНАДИЕВ од Битола (1868-1923) е доброволец во Бугарската армија при србско-бугарската војна од 1885 г. Дипломирал политички науки и право во Брисел, бил министер на правосудството, а потоа министер за трговија и земјоделие. Во 1923 г. ги публикува своите МЕМОАРИ, во кои пишува за СОЕДИНЕНИЕТО:

“Меѓу собраните доброволци во Пловдив имаше многу ученици од разни гимназии. Сите тие имаа желба да го исполнат долгот кон татковината (соединувањето со Источна Румелија, 1885 г.) и за да им се даде таа возможност, Привремената влада основа ученички легион, во кој се престојуваше и се обучуваше во Пловдив.

Јас, Манушев, Ст. Мафов, заедно со многу други се запишавме во него. Но пред уште легионот да биде обучен, се состави македонски баталјон од четници и други доброволци, кој веднаш беше испратен на границата, едно како понадежен и, друго, веројатно зашто во него имаше понемирни елементи. Учениците од Македонија во Пловдивската гимназија, јас, Андреј Љапчев , Пере Тошев, Ѓорче Петров, Тома Карајовов, Владимир Кусев и други, оценивме, дека нашата должност е да идеме кај своите сонародници, и се вброивме кон македонскиот баталјон.

Се облековме во собствени алишта, се вооруживме повеќето со наши пушки мартинки, се наведнувавме со голем мерак да си ги завиеме крпите и да ги заврзиме опинците, се натоваривме со по три патрондаши, два преку рамената и еден преку крстот и се упативме во село Бојково на Родопите. Таму поминавме скратена воена обука под команда на еден румелиски подофицер, кого после го унапредија во наредник и го назначија за командир на нашата чета.

Ги обиколив нашите разни началници од баталјонот и со ужас дознав дека било решено и ние да останеме на турската граница. Веднаш најдов другари кои беа во Пловдив и му соопштивме на четниот командир, новоунапредениот Спиро Костов (од Велес), дека ќе објавиме бунт и дека без одобрение ќе го напуштиме с. Бојково и ќе одиме за Србија. Спиро, и тој колу нас што ги разбрал последиците од слична непослушност во време на војна, пресуди дека треба да се расправа за тоа со началниците. Но ние се обративме до Ризов и тој после два часа ни сообшти, дека тој издејствувал и ние да заминеме за Србија и дека баталјонот добил заповед да се дигне од Бојково.”

Слични Објави