МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЌЕ ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ВОЈНИК ШТО ЗЕМАЛ УЧЕСТВО ВО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧКИН КАМЕН

//

Министерството за одбрана ќе покрене постапка против професионалниот војник Мартин Богоевски кој е препознаен на видео снимка од вчерашниот инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

Министерството за одбрана, се вели во соопштението, го осудува учеството на професионалниот војник Богоевски во инцидентот и укажуваме дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување на политички цели и кои со напади врз високи странски официјални лица го нарушуваат угледот на АРМ и на Република Македонија.



Министерството за одбрана ќе ја информира јавноста за текот на постапката и за преземените мерки во врска со овој случај.

Претходна статија

СДСМ: КОСТАДИНОВ- ГРАЃАНИТЕ ИЗБИРААТ ИДНИНА, ИВАНОВ ОСТАНУВА ИЗОЛИРАН ВО ТЕМНОТО МИНАТО

Следна статија

УБАВИНАТА НА ЕДНА ЖЕНА

Најново од Вести