УБАВИНАТА НА ЕДНА ЖЕНА

//

Отсекогаш мислев дека убавината на една жена не е во облеката што ја носи, телото кое го има, начинот на кој ја собира косата. Убавината на една жена се нејзините очи кои се вратата на нејзиното срце, местото каде љубовта се вгнездува. Вистинската убавина на една жена се рефлектира од нејзината душа која се негува со љубезност, страст и нема како да застари со годините, напротив само може да се разубавува.

Има многу убави жени и големиот дел од нив се слободни и не се во врска. Зошто? Не можам да зборувам за сите жени но поголемиот дел се уморни од излегувања и спријателувања во потрга по некој просечен кој нема да ја лаже, ќе ја почитува и нема да заме сѐ „здраво за готово“. Ваквите жени обично имаат добро срце, воспитани се и знаат што сакаат од животот. Ваквите жени ги ценат вистинските вредности, нивната љубезност можете да ја видите од далеку бидејќи тие не знаат за поинаку. Луѓето кои се појавуваат во нивниот животот ги сакаат повеќе од збор кој може да ги опише. Кога ќе најдат вистински партнер за себе се вљубуваат со сета своја независна природа, не ја ценат сопствената вредност според партнерот туку преку нивното искрено срце. Ваквите жени се несебични и секогаш потребите на другите ги ставаат пред сопствените. Ако партнерот е среќен таа е уште посреќна. Овие жени се грациозни, нивното држење е секогаш елегантно и тие се олицетворение на смиреност и милост. Со голем ентузијазам и страст се борат за работите кои се важни за нив без разлика дали се големи или мали. Страста им е второто име…

Секогаш и секаде без разлика дали сте им пријател, партнер или сте член на нивното семејство ќе ја имате нивната 100% -на поддршка.

Убавата жена не би била комплетна ако во нејзиното срце не постои љубов. Љубовта е единствената вера и сила во која верува. Знаете како се вели: Жената е убава онолку колку е среќна покрај својот партнер…



Жената не се разубавува со нејзините години се разубавува со постапките на мажот кој го љуби.

Автор: Фросина Китановска

 



Претходна статија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЌЕ ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ВОЈНИК ШТО ЗЕМАЛ УЧЕСТВО ВО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧКИН КАМЕН

Следна статија

СОЛО КОНЦЕРТ НА ПИЈАНИСТОТ НИКОЛАЈ ЛУГАНСКИ НА ОХРИДСКО ЛЕТО

Најново од Истакнато