МИОА: ПРИТИСОЦИ ВРЗ АДМИНИСТРАЦИЈАТА НЕМА, ВРАБОТЕНИТЕ ЗЕМААТ ИСТИ ПРИМАЊА КАКО И ПРЕД ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

//

„Денешното соопштение на Конфедерацијата на слободни синдикати-КСС, се однесува на неколку теми поврзани со вработените во јавната администрација, кои не се точни.Првата дезинформација е тврдењето без никакви конкретни примери, докази за пријави и доставени жалби, за притисоци во јавната администрација. Вработените во јавната администрација конечно во последните три години, извршуваат работни задачи кои се дел од описот на нивното работно место, а не за нечии други интереси“, соопшти Министерството за информатичко општество.

„Понатаму, КСС тврди дека јавната администрација доаѓа на работа како пред почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19. Ова исто така не е точно. Вработените во јавната администрација работат од дома веќе втор месец, согласно препораките за справување со коронавирусот.КСС обвинува за намалување на плати во јавната администрација. Уште една дезинформација. Платите во јавната администрација се непроменети од пред почетокот на кризата. Единствено, со уредба со законска сила Владата одлучи, избраните и именувани лица како знак на солидарност да земаат минимална плата. По одлуката на Уставниот суд, најголем дел од нив сепак се одлучија платата да ја донираат во фондот наменет за справување со Ковид-19“, се додава во соопштението.

МИОА апелира до КСС да престане со ширење на дезинформации, особено во вакви вонредни времиња. На тој начин не помагаме на никој, а особено не на вработените во јавната администрација.





Претходна статија

ЈАВЕН ПОВИК ОД ОПШТИНА ОХРИД ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ

Следна статија

ЗАРАЗЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 100 ЛИЦА ВО ЈУЖНА КОРЕЈА: ИЗЛЕГУВАЊЕТО ВО НОЌНИТЕ КЛУБОВИ НАПРАВИ ХАОС!

Најново од Вести