Митрев до Мицкоски: Ќе треба да додадеме многу нови страници на нашиот Устав за да може да ги запишеме сите Бугари во Македонија

/

Претседателот на здружението Македонско-бугарско пријателство- Скопје, Добре Митрев, реагираше преку социјалната мрежа facebook на денешната прес- конференција на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што му порача на Мицкоски претседателот на МБП-Скопје:

„Не, господине Мицковски, не се 750 бугарски фамилии, многу повеќе се. Кога би се потрудиле да ги отворите архивите на УДБА и КОС, тогаш ќе ја видите вистинската бројка. А можеби ќе препознаете и некој ваш предок. Така да немојте да лицитирате со бројки, тие ќе бидат поразителни за вас. Ќе треба да додадеме многу нови страници на нашиот Устав за да може да ги запишеме сите како што милувате да кажете“



Претходна статија

Калеска Ванчева: ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за лагите

Следна статија

Kривична пријава против директорот и пет вработени лица за случајот во Зоолошката градина Скопје

Најново од Вести