Млади планинари од Петрич во рок од една година ги искачија сите 39 планински врвови во Бугарија
Организирана група деца од Бугарија во рок од една година ги искачи сите 39 планински врвови во земјата. Иницијативата е на здружението „Млад планинар“ од Петрич и е по повод 10-годишнината од основањето на здружението. Идејата е да се искачат сите највисоки врвови во државата.
Во саботата, на 23 септември, децата стапнаа на врвот Мусала, кој беше и последен на нивната листа, изјави Гергана Сандакчиева, раководител на здружението „Млад планинар“.
Во кампањата учествуваа околу 40 деца на возраст од седум до 18 години. Причината за основањето на здружението „Млад планинар“ е да се следи заветот на познатиот бугарски писател Алеко Константинов – „Запознај ја татковината за да ја сакаш“.
Сандакчиева рече дека намерно го избрале последното искачување да биде највисокиот врв за да биде посимболично, поемотивно, како крај на иницијативата.
Првиот човек на здружението рече дека за 52 недели биле во 39 планини и се искачиле на 39 бугарски врвови. Велам бугарски, бидејќи еден дел од бугарските планини се во погранични региони, а на некои повисоките врвови се наоѓаат во друга држава“, рече Сандакчиева. Можноста да се погледне Бугарија од највисоките точки на сите планини е нешто што не може да му се случи на секого, дури и на искусен планинар, велат од здружението.