Младинци од РС Македонија и Бугарија се сретнаа со последниот бугарски цар Н.В. Симеон II

//

Неговото височество последниот бугарски цар Симеон II се сретна со младинци од РС Македонија и Бугарија во неговата палата Врана. Посетата беше дел од 5-дневниот престој на децата во Копривштица и Софија, финансиран од д-р Милен Врабевски, основач и претседател на Фондација Бугарска памет.

Последниот цар на Бугарија ги поздрави децата и им посака секогаш да бидат обединети и пријателски настроени еден кон друг – токму како што сега ги гледа. Неговото височество Симеон Саксобурготски доби и специјален сувенир подарок од групата – слика на архитектура од градот Битола.

Симеон Втори ги поздрави организаторите од Фондацијата Бугарска памет за започнувањето на кампањата за социјално информирање „Од двете страни на границата“.



Иницијативата има за цел да го насочи вниманието на јавноста кон потребата од посветена државна политика во насока на добрососедството и пријателството меѓу Бугарија и Северна Македонија и да покаже дека времето за дипломатија и пријателство меѓу братските земји одамна е дојдено заради доброто и светлата иднина на младата генерација, во име на заедничката историја, корени и култура.

По средбата со Царот, младинците од двете страни на границата, ги посетија палатата, оранжериите и паркот, а на крајот од посетата од Фондацијата „Бугарска памет“положија венец на гробот на цар Борис III.



Претходна статија

Сто проценти од потрошената струја во септември годинава од домашно производство

Следна статија

Приватните превозници нема да возат додека не се реши проблемот, задоволни од средбата во Советот на Град Скопје

Најново од Вести