МНР на Бугарија и РС Македонија си разменија поздрави и честитки по повод Илинден
Бугарското МНР преку социјалната мрежа Твитер упати честитки до граѓаните на Северна Македонија по повод државниот празник – 2 Август.
„Искрени честитки до Република Северна Македонија и нејзините граѓани по повод нивниот национален празник – 2 август. Уверени сме дека и во иднина ќе продолжиме со добра волја и политичка храброст да работиме за развој на добрососедските односи“, се вели во честитката.
Искрени поздравления към Република Северна Македония и нейните граждани по повод Националния им празник – 2 август. Уверени сме, че и в бъдеще ще продължим с добра воля и политически кураж да работим за развитие на добросъседските отношения! 🇧🇬 🤝 🇲🇰 @MFA_MKD— MFA Bulgaria (@MFABulgaria) August 2, 2022
Од своја страна МНР на РСМ исто така на Твитер, се заблагодарија на честитиката.
„Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија. Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи“, се вели во реакцијата од МНР.
Срдечна благодарност за искрените честитки од нашите колеги во Софија.
Постигнавме многу во изминатиот период, создавајќи цврста платформа за натамошен развој; остануваме посветени да ги јакнеме меѓусебните врски и да ги негуваме добрососедските односи https://t.co/wEGoLoX93K— MFA North Macedonia 🇲🇰 (@MFA_MKD) August 2, 2022
