МНР на Бугарија: Недозволиво е да се забранува пристапот до литература, што е поврзана со личности и настани од заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија
Во врска со одбивањето на претставник на бугарската заедница во Северна Македонија и на бугарски државјанин да влезат на територијата на Република Северна Македонија денеска (8.04.2024 г.) од страна на граничните органи на граничниот премин Делчево, поради поседување 10 книги, Министерството за надворешни работи на Република Бугарија го наведува следново:
Категорично е неприфатливо во 21 век да се сведоци на постапки со кои властите на една земја го спречуваат остварувањето на основните права за демократските општества, како што е правото на слободна комуникација и пристап до информации. Уште позагрижувачки е фактот што овие настани се случуваат во земја, која си поставила за цел интеграција во ЕУ и јавно ја декларира својата приврзаност кон вредностите и принципите на оваа Унија.
Сметаме дека е недозволиво да се забранува пристап до литература што е поврзана со личности и настани од заедничката историја на Бугарија и Северна Македонија и инсистираме на итно прекинување на ваквите дејствија.
Вреди да се одбележи дека овој необјаснив чин на граничните власти е преземен откако Бугарија постојано повикуваше темата за билатералните односи да не се користи како заложник во внатрешно-политички процеси во Северна Македонија. Се надеваме дека ова не е намерно барана провокација против општествата од двете страни на границата, стои во соопштението на бугарското Министерство за надворешни работи.

