МНР на Бугарија: Позицијата на Бугарија за евроинтеграцијата на РС Македонија останува иста

//

Владата во Софија ја одобри позицијата на Бугарија за учество на состанокот на Советот за општи работи, што ќе се одржи на 22 јуни 2021 година во Луксембург, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија за БГНЕС.

Советот ќе размени мислења за политиката на проширување на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација и ќе се подготви за вонредниот состанок на Европскиот совет, што треба да се одржи на 24-25 јуни 2021 година, вклучувајќи го КОВИД-19, економското закрепнување, надворешните аспекти на миграцијата, односите на ЕК со Русија, тековните случувања во источниот медитеран и односите ЕУ-Турција.



Во делот за политиката на проширување на ЕУ и европската перспектива на Република Северна Македонија во позицијата усвоена од Владата се наведува дека Бугарија се придржува до Декларацијата на парламентот од 10 октомври 2019 година и Рамковната позиција за европската перспектива на Република Северна Македонија усвоена од Владата на 9 октомври 2019 година. Позицијата на Бугарија во врска со рамката за преговори и одржувањето на Меѓувладината конференција со Република Северна Македонија останува непроменета. Рамката за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот од 2017 година, кои во моментов не постојат. Ниту условите за спроведување на меѓувладина конференција не се исполнети.

Претходна статија

Јанев: Бугарија нема да ја одобри преговорната рамка за РС Македонија

Следна статија

Владимир Перев: „Длабоката држава“ ги конфронтира Македонија и Бугарија во услуга на Русија и против ЕУ

Најново од Вести