МУЗИЧАРИ ОД ВИНИЦА, БЕРОВО И БУГАРИЈА ЈА ВРАТИЈА СЕРЕНАДАТА ВО ДЕЛЧЕВО

Четири оркестри од, Виница, Берово, домаќинот Делчево и бугарскиот град Гоце Делчев, синока им приредија незаборавна музичка вечер на делчевчани. По еднодецениска пауза, возобновен е Делчево серенада фест. Публиката и овој пат беше единствен и важен индикатор за идејата за реактивирање на фестивалот е повеќе од позитивен потег….

„ Искрено да ви кажам, синока беше толку добро, и искрено се радуваме на поканата да бидеме дел од делчевската серенада фест. Уште подобар впечаток и на наше задоволство беше долгиот и искрен аплауз на публиката за нашиот настап. Знаат делчевчани да прешпознаат квалитетни изведби на староградски песни- серенади“, изјави Петар Димов – оркестар „Неврокоп“ – Бугарија

„Јас уште еднаш да и се заблагодарам на делчевчани кои во масовен број дојдоа  вечер5ва и се бараше место повече во салата. Да и се заблагодарам за нивните долги и искрени аплаузи, како израз на нивното задоволство од она што го прездентираа оркестрите, интрепретирајќи ги незаборавните серенада песни“, изјави Методи Толевски – директор на дом на култура – Делчево

Низ интерпретацијата на серенадите, повозрасните делчевчани ги возобновија спомените на традиционалните серенада седенки…

„Се поттекна токму од нашите вечерни седенки, на кои убавата староградска песна секогаш ни беше на репертоарот. Идејата  прерасна сега како што гледате во реален настан,Делчевски фестивал на серенадата“, објасни Слободан Илиоски – оркестар „Пијанечки еснафи“ -Делчево

Фестивалот е поделен во два дела. Пред неполни седум дена се оддржа првиот, со изведба на староградски песни и синока, вториот, посветен на серенадата. За в година, организаторот, делчевскиот дом на Култура, најави повеќе фестивалски изненадувања…

Извор: ТВ Стар



Слични Објави