МУЗИЧКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „МУЗИЧКИ СМОТРИ 2019“

Музичката манифестација од натпреварувачки карактер „Музички смотри 2019“ вечер, со почеток во 18 часот, ќе се одржи во концертната сала на Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје. Слепи инструменталисти и вокални солисти ќе се натпреваруваат во изведби на традиционална македонски песни, но и новокомпонирани мелодии.

– Оваа музичка манифестација е дел од збогатување на културниот живот на слепите лица, пред се да и покажеме на јавноста дека слепилото не е бариера за одлични вокални способности, соопшти Националниот сојуз на слепите на Република Македонија. Влезот за сите посетители е слободен.

Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ) како национална инвалидска организација која е единствен легитимен претставник на повеќе од 2570 слепи и слабовидни лица во Република Македонија ги повикува сите организации, владини институции, граѓани, активисти за човекови права заедно сите да се бориме за што подобро утре на лицата со оштетен вид.

Од НССРМ повикуваат граѓаните да направат контролен комплетен офталмолошки преглед за себе и за своите најмили..

На 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права, Националниот сојуз на слепите на Република Македонија се приклучува на заедницата за зголемуавње на свеста за денот на човековите права. Овој ден се одбележува секој 10ти декември уште од 1948 година кога на Генералното Собрание на Организацијата на Обединетите Нации е усвоена Универзалната декларација за човекови права.

– На овој ден промовираме еднакви можности за сите, промовираме и се залагаме за целосна партиципација и активно учество на слепите лица во сите опшествени активности, еднакви можности, и еднаква заштита на човековите права на слепите лица во социјален, општествен, економски, политички и културен живот, како и да се осигураме дека нашиот глас ќе биде слушнат насекаде, се вели во соопштението од Националниот сојуз на слепите на Република Македонија.