МВР: Приведени двајца криумчари од Штип, пронајдени 14 мигранти

/

Синоќа околу 22:15 часот во близина на црква во село Прдејци, гевгелиско, полициски службеници од Полициска станица Богородица го лишиле од слобода Д.Б.(34) од Штип, a околу 23:50 часот во Гевгелија од полициски службеници од Полициска станица Гевгелија е лишен од слобода З.В.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

-Имено, во 21:15 часот во близина на угостителски објект на регионален пат Прдејци-Смоквица во товарно возило „ивеко“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Б., биле пронајдени 14 лица мигранти од Сирија, Индија и Пакистан, додека во Гевгелија е приведен З.В., кој управувал патничко возило „пежо 306“, со штипски регистарски ознаки, поради сомнение за негова инволвираност во кривичното дело, информираат денеска од МВР.



Лицата мигранти се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка, а против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна статија

Одбележуваме 5 години од смртта на големиот македонски Бугарин Панде Ефтимов

Следна статија

Одбележуваме 71 година од убиството на петте струмички студенти

Најново од Вести