МВР: ЗАТВОРЕНА ЧАЈЏИЛНИЦА ВО АРАЧИНОВО
Полициски службеници од ЕВР, ОКР Гази Баба, Единицата за интервентна полиција и ПО Арачиново во соработка со Државниот пазарен инспекторат вчера во 21:20 часот извршиле контрола во чајџилница во село Арачиново и констатирале дека објектот работи и има повеќе гости.
„Во чајџилницата е затекнат и сопственикот А.Б. (25) од село Арачиново и тој е приведен во Полициското одделение Арачиново, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од КЗ“, соопшти МВР.
Објектот е затворен од инспектори на Државниот пазарен инспекторат.

