На 25 ноември 1935 г. во Прилеп е роден писателот, поет и драматург Миле Неделковски
На 25-ти ноември 1935 г. во Прилеп е роден писателот, поет и драматург МИЛЕ НЕДЕЛКОВСКИ.
Прво учел во с. Тополчани, а потоа во с. Загорани и Прилеп. На два пати бил исклучуван од гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп поради откажување да говори „на служебен јазик“. Го продолжил образованието во Битолската гимназија „Ј. Б. Тито“, од која што исто е исклучен. Во 1958 г. завршил вонредно училиште за заботехничар. Работел две години како заботехничар во Прилеп, после кое се преместува во Скопје. За цело време е следен од југословенските тајни служба УДБ-а, а против него клевети пиши писателот Паскал Гилевски. М. Неделковски е автор на неколку книги: романот „Пепелаши“, стихозбирката „Еротикон-еротикон“, ја освоил наградата на фестивалот Струшки вечери на поезијата и наградата „Кочо Рацин“, пиесата „Смртта на божјиот човек“, романите „Пандур“, „Потковицата на смртта и надежда“, за кои што ја освојува бугарската награда за литература Димитар Талев, „Подкованиот врабец“, „Логоманија“. По неговиот роман „Подгревање на вчерашниот ручек“ е снимен истоимениотт бугарско-македонски филм.
Миле Неделковски умира во Скопје на 21-ви јуни 2020 г .
“Кој македонизам? На великосрбскиот на Стојан Новакович, кој што определува, дека македонците се словени, но немат ништо обшто со Бугарите? Или на „античкиот” македонизам, кој што определува, дека потекнуваме како нација од древните македонци. Всушност има еден друг македонизам, коренит, возрожденскиот. Тој на Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович, кои што пишувале на долномизиски диалект, на Партениј Зографски, на Кузман Шапкарев, на Григор Прличев, на браќата Миладинови; на македонските ајдуци и комити; на ополченците во Ослободителната војна (на Бугарија 1878), во Србско-бугарската (1885), во Балканските војни и в Првата светска војна; на Димитар Матов, на Трајко Китанчев, на Христо Матов, на Натанаил Кучевишки – Митрополит Охридски и Пловдивски, на Методиј Кусев – Митрополит Старозагорски? Што и да правите со тој македонизам, каков и знак да му прикачите, тој нема да биде нешто поразлично од тоа да се чувствуваш тракиец, добруџанец или шоп.
Традиции, принципи, програми на старата историска ВМРО се цели три: на основачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев – автономија и последователно соединување со татковината Бугарија; на Тодор Александров и неговите следбеници – самостојна независна Македонија, Швајцарија на Балканот под патронат на Америка или Лигата на народите, но држава на нејзиното бугарско население; на левото крило (ВМРО обединета) и коминтерновскиот македонизам, што ги разделува Македонците од Бугарите, за кој што бугарските комунисти имат не помала „заслуга” – балканска федерација и во неа обединета Македонија. Нека кажат – на кој од трите принципи се приврзеници?“
ТОТАЛИТАРНИТЕ ЧИПОВИ НИ СЕ ВО ГЛАВИТЕ, интервју со М. Неделковски, 2006 г.
