|

Владејачката партија во Грузија номинираше поранешен фудбалер за претседателски кандидат

Грузиската владејачка партија Грузиски сон денеска го предложи поранешниот пратеник и професионален фудбалер Михеил Кавелашвили за свој кандидат на претстојните претседателски избори, закажани за 14 декември.

Кавелашвили, кој накратко играше за Манчестер Сити во средината на 1990-тите, беше еден од основачите на фракцијата Народна Шакта, која произлезе од партијата Грузиски сон, и е познат по серијата остри антизападни изјави, објави Ројтерс.

Во септември тој ја опиша опозицијата како „петта колона“ која се обидува да го загрози мирот во Грузија под инструкции на „американската администрација и одредени сенатори“, додека во јуни го обвини американскиот конгресмен дека планира „насилна револуција и Украинизација на Грузија“.



Слични Објави