НА АКТИВИСТКА НА ВМРО-ДПМНЕ ОД СКОПЈЕ МЕТЈУ ПАЛМЕР И ЛИЧИ НА МАЈМУН
Посетата на заменик-помошниот државен секретар на САД, Метју Палмер е проследена со тежок дипломатски скандал. Гордана Трајковска, активист на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ од Скопје, дел од партискиот ПР-тим на социјалните мрежи грубо го навреди Метју Палмер.
Имено, Трајковска објави фотографија на која високиот американски дипломат го спореди со мајмун. На овој начин, Гордана Трајковска која важи и за соработничка на Христијан Мицкоски навреди дипломат на земја-стратешки пријател и поддржувач на РС Македонија кој и самиот важи за голем поддржувач на нашата земја.
На овој начин, активистката на ВМРО-ДПМНЕ изврши и кривично дело според член 181 од КЗ кој пропишува дека „Тој што со намера за исмејување јавно ќе изложи на подбив странска држава, нејзино знаме, грб или химна или шеф на странска држава или дипломатски претставник на странска држава во Република Македонија, ќе се казни со парична казна.

