На ГП Табановце се чека околу два часа

/

На граничниот премин Табановце за излез од државата има чекање од околу 2 часа. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 19.08.2021 како што информира АМСМ регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица е нормализиран за секаков вид на сообраќај кој беше во прекин поради изведување градежни активности.

АМСМ најавува дека утре на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути.



Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие поддршка од Алијанса за Албанците за Град Скопје да го „рушат“ Шилегов?!

Следна статија

Одлична вест од Брисел: Сертификатите за Ковид 19 на Северна Македонија ќе бидат признаени во цела ЕУ

Најново од Вести