| |

НА ГРУЕВСКИ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ВО ОТСУСТВО

Судот на почетокот на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој избега во Унгарија, да му се суди во отсуство.

Реагираше одбраната со образложение дека Груевски одлучил да побара политички азил и оти не постои одлука да се крие од Македонија, туку користење на право за барање на азил. Адвокатот Дангов оцени дека не се исполнети условите за судење во отсуство и бараше раздвојување на постапката.

Од своја страна пак, обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека постојат важни причини на обвинетиот да му се суди во отсуство и оти воопшто не е извесно дали тој ќе стане достапен.

Слични Објави