ВО БИТОЛА ПОЧНУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ „МУЗИКА ОД СВЕТОТ“

Јубилејното, 10-то издание на меѓународниот фестивал на „Музика од Светот“ во Битола вечерва ќе почне со концерт на македонската група „Синтезис“.

На вториот ден, пак, ќе се претстават „The Quartet“.

Организаторот и домаќин на фестивалот, Центарот за култура-Битола, најавува спектакуларно издание на групата „Фламенко Екос“, гости од Куба, кои ќе го затворат фестивалот во недела.

Меѓународниот фестивал „Музика од Светот“ се одржува со поддршка на Министерството за култура.

Слични Објави