| |

НА ИНФЕКТИВНИТЕ ОДДЕЛЕНИЈА ВО ЗЕМЈАТА СЕ ЛЕКУВААТ 583 ПАЦИЕНТИ ОД КОРОНАВИРУС

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 583 и има речиси 520 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 323 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 50 пациенти, во Прилеп – 19, во ковид-центарот во Гостивар – 18, а во Струга – 18 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 19 пациентии, во Кочани – 6 во Кичево – 8, во Кавадарци – 25, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар – 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитетите и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Слични Објави